Дронови летаат над нуклеарна централа во Франција

Од:

Две летала, најверојатно дронови, се забележани над една нуклеаерна централа во Франција, пренесе „Франс прес“. -Околу 06:40 часот во сабота, се забележани две летала над областа на која се наоѓа нуклеарната централа- изјави портпаролот на централата, поради што е информирана полицијата.

Минатата година во октомври и ноември во Франција беа забележани повеќе од 13 неидентификувани дронови, кои ги надлетуваа нуклеарните централи во таа држава.

Воздушниот простор над нуклеарните постројки до 1.000 метри висина е под контрола на воените сили, но повеќето радари не се во можност да ги детектираат малите објекти кои летаат ниско.

Иако властите во Франција тврдат дека дроновите не претставуваат опасност, сепак распишан е тендер за набавка на систем кој ќе ги детектира и пресретнува дроновите.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Франција: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен