Минимална победа за Лејкерси

Од:

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс остварија минимална победа на ноќешниот натпревар против Индијана на домашен терен. Лејкерси триумфираа со 88:87, а Коби Брајант победничкиот кош го постигна на 12 секунди до крајот.

Тој реализираше 20 поени, а Ник Јанг беше попрецизен со 22, од 10 во последната четвртина.

На другите дуели од НБА лигата беа постигнати следниве резултати: Кливленд – Далас 90:109, Детроит – Сакраменто 114:95, Мајами – Бруклин 88:84, Њујорк – Милвоки 82:95 и Феникс – Торонто 125:109.

Вечерва се играат единаесет натпревари: Филаделфија – Кливленд, Бостон – Шарлот, Бруклин – Далас, Чикаго – Хјустон, Мемфис – Њујорк, Минесота – Денвер, Њу Орлеанс – Вашингтон, Јута – Индијана, Портланд – ЛА Лејкерс, Голден Стејт – Оклахома Сити и ЛА КЛиперс – Атланта.

Пласман Источна конференција: Атланта 25-8 (победи-порази), Чикаго 24-10, Торонто 24-10, Вашингтон 22-11, Кливленд 19-15, Милвоки 18-17,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 26-5, Портланд 26-8, Мемфис 24-9, Далас 25-10, Хјустон 25-10, ЛА Клиперс 23-11, Сан Антонио 21-14,…

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос