Бркотница и пукање во Кочани како на филм

Од:

Во Кочани, во близина на споменикот на паднатите борци, синоќа во 20 часот непознат сторител извршил тешка кражба. Имено, додека 66-годишната Д.С. од Кочани одела на улица, тој и ја одзел чантата во која го носела дневниот пазар од бутикот каде што била вработена како продавачка.

Додека таа се движела, крадецот и пришол и насилно и ја одзел чантата, по што истата повикала помош, а тој избегал од местото на настанот.

Во непосредна близина бил полициски службеник кој во цивилна облека бил на работа, и по издадено предупредување да застане, истиот продолжил да трча, по што полицискиот службеник во воздух испукал еден предупредувачки куршум, а сторителот ја фрлил чантата и побегнал.

Полицијата работи на случајот.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР