Градоначалникот на францускиот град Шамплан одби едно ромско девојче, кое ненадејно починало во болница, да биде погребана таму, па десет дена после смртта ќе биде погребана во друг град.
Одлуката на градоначалникот Кристијан Леклер наиде на огорченост кај хуманитарните здруженија, посебно кај оние кои помагаат на ромската заедница, која во Франција брои околу 20.000 лица.
Тој образложи дека предност при погребите имаат оние кои плаќаат даноци.
Родителите на починатото девојче живеат во камп во малиот град Шамплан.
Градоначалникот на друг град, Висуа, Ришар Трингије прифати таа да биде погребана во неговиот град.
– Не се двоумев ни секунда, рече Трингије и додаде дека е човечки незамисливо да не се обезбеди гроб на дете кое ненадејно починало во болница.