Десет поени на Антиќ во новата победа на Атланта

Од:

Екипата на Атланта ја продолжува победничката серија во НБА шампионатот, а овој пат во победата на „Хоукси“ свој придонес имаше и Перо Антиќ.

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ партиципираше со 10 поени и три скокови во новиот триумф на Атланта од 115:107 и тоа на гостувањето кај Портланд, односно тимот кој има втор најдобар ефект во целата лига.

Антиќ беше еден од седуммината играчи на гостите кои средбата ја завршија со повеќе од десет поени, а најмногу, 27, постигна Пол Милсап, додека само Шродер беше единствениот кој влезе во игра, а немаше двоцифрен број на поени.

За Атланта ова беше 9 победа на последните 10 натпревар, а со вкупен ефект од 25-8 „Хоукси„ се на првото место во Источната конференција пред Торонто кој има победа помалку.

На останатите натпревари одиграни синоќа, беа постигнати овие резултати: Орландо – Шарлот 90:98 , Чикаго – Бостон 109:104, Хјустон – Мајами 115:79, Минесота – Јута 89:101, Сан Антонио – Вашингтон 101:92, Денвер – Мемфис 127:91 и Лос Анџелес Клиперс – Филаделфија 106:109.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он