Професорскиот пленум повикува на јавна ТВ дебата за законот за високо образование.
Повикот се однесува на поддржувачите на законот, контра-пленумците, Министерството за образование и наука и Владата, со цел како што е наведено да се соочат со аргументите.
Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми пак испрати покана до ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски за средба во понеделник во хотелот „Александар Палас“ со цел размена на мислења и аргументи за квалитетно образложување и дебата за реформите.