Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во својот прв настап од 2015 година покажа високо ниво на игра, совладувајќи го Стан Вавринка со 6-1, 6-2, на ревијалниот турнир во Абу Даби.
Српскиот тенисер во финалето од ревијалниот турнир ќе игра против Анди Мареј, кој претходно го декласираше Рафаел Надал.
Ѓоковиќ и Мареј досега имаат одиграно 23 меѓусебни меча, при што најдобриот светски тенисер има 15 победи.