Студиото „дЛукс“ го претставува шарениот дизајн на семејниот дом во Сао Паоло, Бразил. Малиот дом од 56 метри квадратни реконструиран е според потребите на таткото, биолог – љубител на животни и неговиот син.
Првиот проблем беше недостатокот на приватност и бањата која ја делеле. Вториот проблем бил лошо искористениот простор во станот бидејќи и двајцата имаат домашни миленици. Дизајнерите морале да ги решат овие прашања со мал буџет, користејќи поевтини, но не и помалку модерни решенија.
Ѕидот од кујната е отстранет и направено е уште една бања за синот.
Во станот се наоѓаат разновидни материјални. Во дневната соба е поставена метална плоча во жолта боја.
Новиот ходник има црна врата од лесонит со висока густина. Кујнските елементи и полиците во дневанта соба се направени од морска иверка, додека работните површини во кујната се изработени од тиково дрво.