Првите пожарникари пристигнаа на палубата на „Норман Атлантик“

Од:

Првите пожарникари пристапија денеска на јагленисаната палуба на грчкиот траект „Норман Атлантик“, за да го исгаснат последните пламени и да овозможат потрага по можни, досега неоткриени жртви на оваа поморска тргедија.

Пламенот ја зафати бродската гаража со паркирани автомобили во неделата, додека бродот пловел на рута меѓу грчкиот град Патрас кон италијанскиот Анкона.

Досегашниот биланс на жртвите е 11 лица, а италијанските власти објавија дека од бродот се спасени 477 патници.

Бродоломците се спасувани во драматични околности на Јадранот, по ветер, со помош на хеликоптерски јажиња на кои се префрлувани на други бродови кои пристигнаа на местото на несреќата по с.о.с. повиците.

Кога бродот ќе биде целосно обезбеден од избивање на нов пожар и стабилизиран во пристаништето, пожарникарите ќе тргнат по потрага по тела.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале