Погребана основачката на француската натуристичка (нудистичка) федерација

Од:

Кристиан Лекок на возраст од 103 години почина на 24 декември, а денеска во Париз беше погребана, соопшти француската натуристичка (нудистичка) федерација, која таа заедно со својот сопруг Алберт ја основаа пред 65 години, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Заедно со нејзиниот сопруг Алберт, работеа на промоцијата на натуристичките вредности, создавајќи ја во 1950 година француската натуристичка (нудистичка) федерација, а во 1953 година и Меѓународната натурстичка федерација.

Денес Франција е првата натуристичка дестинација во светот со 3,5 милиони натуристи, од кои дури 1,5 милиони се Французи.

Брачната двојка Лекок во 1950 година го создадаоа и натуристичкиот центар за натурсти во Монталиве, кој денес е еден од најголемите во Европа.

Во Меѓународната федерација за натуризам има 16 милиони членови од 38 земји.

Би можело да ве интересира

Франција: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен