Јанакиески: „Виз ер“ избрана за нискобуџетен оператор за наредните три години

Од:

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ е избрана од Министерството за транспорт и врски во следните три години со субвенции од македонската Влада да воспостави 5 нови дестинации од Скопскиот аеродром и една редовна линија од Охридскиот аеродром.

–  Два дена пред истекот на 2014 година „Виз ер“ е избрана  за нискобуџетен авиооператор за наредните три години. Има рок на жалба и очекувам до 15  јануари  да го склучиме договорот. Понудени се нови линии од Скопје  кон пет европски центри и директен лет од Охрид  кон Базел,  информира денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, презентирајќи го отчетот за сработеното во минатата година.

Во 2014, потсети Јанакиески, преку проектот за финансиска поддршка за нискобуџетни компаниии беа воведени пет нови дестинации кон Франкфурт, Париз, Брисел, Келн и Рим.

Вкупно минатата година низ двата аеродорма поминаа милион и 270 илјади патници, а започнавме и постапка за избор на национален авиопревозник, предизвик на кој ќе продолжиме да работиме и во оваа година, рече Јанакиески.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран

Несреќа во Франција: Се урнаа два борбени авиони

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Летовите од аеродромот во Братислава се прекинати поради предупредување за бомба