Денеска е „Свети Игнат“ – Каков ќе Ви биде денот, таква ќе ви биде и годината

Од:

Денеска, според верскиот календар е „Свети Игнат“. Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка.

Според народното верување од овој ден започнува да расте денот. Во народот постои верување дека она што ќе правите и ви се случува денеска, ќе го правите и ќе ви се случува цела година.

Значи каков ви е денов, таква ќе ви биде и годината.

„Вистинските“ бадникови и божиќни обичаи почнуваат денеска, и затоа во некои делови на Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот, таква ќе биде и годината за семејството.

Постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.

Се верува дека денеска не е добро ниту да позајмувате некому пари, за да не ви одат парите од куќата.

Значи иако многумина велат – празноверие, сепак внимавајте што ќе направите денеска.

Би можело да ве интересира

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

A1on

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

A1on