Припадниците на италијанските воздухопловни сили, спроведуваат операција за спасување на стотици имигранти од трговскиот брод без екипаж, кој трговците со луѓе најверојатно ги оставиле во Медитеранот.
Од воздушните бази во јужна Италија испратен е хеликоптер, во пресрет на бродот „Езадин“, кој плови под знаме на Сиера Леоне, а во акцијата за спасување на имигранти се вклучени и крајбрежната стража и медицинска екипа.
Еден од имигрантите на бродот, испратил порака во која повикува на помош: „Немаме екипаж, се движиме кон италијанското крајбрежје и нема кој да управува со бродот!“.
На бродот, кој во моментот е оддалечен 60 километри југоисточно од брегот, се наоѓаат околу 450 имигранти.