Илјадници луѓе синоќа присуствуваа на свечениот огномет, со кој традиционално во Прага се слави првиот ден од Новата година, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.
Годинава, под наслов Временска машина, десетминутната „експлозија“ на спектакуларни палети на бои, потсетија на историските настани како гимнастичките приредби т.н. Спартакијади од времето на комунизмот во поранешна Чехословачка, на Кадифената револуција во поранешната држава во 1989 година или на звуците на композициите на чешкиот композитор Антонин Дворжак.
Огнометотот во паркот Летна, кој чинеше 37.000 евра, можеше да се види од неколку локации во центарот на Прага, меѓу кои и мостот „Чехов“ и популарната улица со ексклузивни бренд продавници „Паришка“.