Авганистан од денеска целосно одговорен за својата безбедност

Од:

Со заминувањето на странските борбени сили Авганистан од денеска презеде целосна одговорност за својата безбедност само ден откако минофрлачки гранати од армијата убија најмалку 20 цивили кои присуствувале на свадба во провинцијата Хелманд.

Странските сили предводени од САД завршија со истекот на минатата година со својата борбена мисија, која траеше повеќе до 13 години откако беше симната од власт талибанската влада.

Заминувањето на странските трупи ќе биде тест за авганистанската армија со бројност од 350.000 луѓе, во услови кога зачестија нападите на талибанците.

Околу 13.000 припадници на странски трупи воглавно Американци, сепак остануваат и понатаму во Авганистан во мисија на обука на домашните сили.

Во вчерашното армиско гранатирање загинаа најмалку 20 цивили кои присуствувале на свадба, а 40-на се ранети.

Засега не се знае дали гранатирањето било намерно. според извештај на ОН, во 2014 година во Авганистан до 30 ноември загинале 3.188 луѓе додека 6.429 се ранети. Во изминатата година и авганистанската војска и полицијата имале рекорден број жртви – повеќе од 4.600 луѓе.

Би можело да ве интересира

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

САД: Во служба ќе се вратат војниците кои одбија да примат вакцина за Ковид-19