ВИДЕО: Градоначалникот Заев го посети првото бебе родено во струмичката болница

Од:

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, го посети првото родено бебе во Новата 2015 година во медицинскиот центар во Струмица. Бебето е машко, родено во 1,40 часот по полноќ, тешко е 3,5 килограми и долго 50 сантиметри. Новороденчето е второ дете на 34-годишната Елена Миткова од Радовиш.

Градоначалникот Заев на новороденчето му подари штедна книшка со 20 илјади денари и на бебето и на мајката им ја честиташе Новата година и им посака многу здравје и среќа.

-Прво машко детенце се роди во оваа 2015 година, потекнува од Радовиш, а се роди овде кај нас. Се работи за здраво дете, второ на мајката и се надеваме дека ќе донесе радост, бериќет и убава 2015 година за сите граѓани од овој наш регион. Се надеваме дека годината ќе ни биде плодна, здрава и секако успешна за секој граѓанин од целиот овој наш регион. На сите граѓани на нашата општина Струмица им ја честитам Новата година, рече градоначалникот Заев.

DSC_5802

Мајката Елена му се заблагодари на градоначалникот Заев за вниманието и новогодишната честитка. Таа и бебето се во добра здравствена состојба.

Би можело да ве интересира

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани