Бомбаш самоубиец активираше експлозив пред Евангелистичка црква во североисточниот нигериски град Гомбо за време на новогодишна служба.
Неколку луѓе се ранети, но нема загинати.
Бомбашот пристигнал со мотор околу 9 часот по локално време и се обидел да упадне во црквата со пресекување на заштитните огради. Експлозивот се активирал пред да упадне во црквата.
Градот Гомбо, главен град на истоимената држава, досега не беше цел на напади на исламистичката група Боко Харам, но во изминатите неколку недели нападите од таа група зачестија во државата.