Вељаноски: Стабилна Македонија и поголем економски просперитет

Од:

Стабилна Македонија и поголем економски просперитет, е пораката на претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски од денешното новогодишно обраќање.

– Почитувани сограѓани, на прагот од новата 2015 година би сакал за миг да се вратиме на годината која изминува. Лично убеден сум дека во изминативе дванаесет месеци имавме многу убави моменти и задоволства. Затоа во новата 2015 година на сите наши граѓани им посакувам пред се здравје и лична среќа, вели Вељаноски.

Воедно изразува верување дека сите, со посветеност, сплотеност и чесност можеме во 2015 година да направиме многу, за секој поединечно, за нашите семејства и за Република Македонија.

– Посакувам во Новата година токму врз тие атрибути парламентот и парламентарната демократија да функционираат онака како што доликува на едно современо општество и европска држава, а Република Македонија и  цивилизациски и културно е дел од Европа. Затоа посакувам и во новата 2015 година стабилна Македонија, поголем економски просперитет на сите граѓани и нека ни бидат здрави и живи семејствата, додава претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Би можело да ве интересира

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите