Најмалку 33 луѓе, меѓу кои и жени и деца, денеска се убиени во напад на бомбаш-самоубиец во централниот дел на Јемен.
Напаѓачот го активирал експлозивот во шиитскиот културен центар во градот Ибу, каде мнозинското население се сунити, за време на одбележувањето на годишнината на раѓањето на пророкот Мухамед.
Во нападот се повредени повеќе од 10 лица, меѓу кои и гувернерот на провинцијата.
Јеменските власти предупредуваат дека бројот на жртвите би можел да биде поголем.