И Италија испраќа инспектори да го проверат бродот за кој се тврди дека превезува мигранти

Од:

Италијанските военопоморски сили со два хеликоптери испраќаат инспектори за да го проверат бродот за кој претходно денеска беше сигнализирано дека има проблеми крај грчкиот остров Крф, пренесоа светските агенции.

Портпаролот на италијанските военопоморските сили, капетан Стефано Теста, изјави дека бродот што плови под молдавско знаме „Блу Скај М“, се наоѓа на околу 30 километри од Санта Марија ди Лука, една од најјужните точки на Италија.

Екипа од тројца инспектори на морнарицата ќе проверат дали има некаков проблем на бродот и дали е се под контрола.

Претходно денеска патник од товарниот брод телефонски сигнализирал дека пловниот објект имал проблеми и дека на неговата палуба имало стотици незаконски мигранти.

Според информацијата на патникот, на бродот имало 600 мигранти.

Грчките военопоморски сили испратија фрегата и хеликоптер за да извршат инспекција на бродот во моментот кога минувал крај грчкиот остров Крф. Во инспекцијата се вклучија и два грчки патролни чамци.

Проверката, меѓутоа, покажа дека на бродот нема технички проблеми и дека информациите за мигранти не се точни.

Пловниот објект потоа го продолжи својот зацртан курс кон Италија.

Сега и италијанските власти сакаат да се уверат дека на него нема ништо сомнително.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале