Авион на „Ер Азија“ слетал од пистата на аеродром на Филипини

Од:

Авион на компанијата „Ер Азија Вест“ денеска ја промашил пистата при слетување за време на големо невреме во централниот дел на Филипини, при што леталото претпрело оштетувања.

Засега нема информации за повредени патници или членови на екипажот.

Патниците се евакуирани со помош на тобоган на дување, а аеродромот во градот Калибо ќе биде затворен за сообраќај се додека оштетениот авион, чии три тркала се заглавени во калта, не биде одвлечен од  пистата, соопшти филипинската Цивилна управа за летање.

Тропската бура предизвикала свлечишта и поплави во јужните и централни делови на Филипини, а најмалку 31 лице настрада, додека седум се водат за исчезнати, соопштија денеска официјални претставници, а пренесоа американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски