СДСМ: Стевчо Јакимовски ги задолжи граѓаните на Карпош во следните 10 години

Од:

СДСМ реагира на договорот за нов кредит од 2,5 милиони евра кој со кој се задолжи општина Карпош.

Еве што стои во соопштението:

Денеска, на претпоследниот ден од годината, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ го овластија Стевчо Јакимовски да потпише договорот за земање кредит од 2,5 милиони евра, на грбот на граѓаните на општина Карпош.

Оваа одлука е спротивна на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

Со овој кредит Стевчо Јакимовски ќе ги задолжи граѓаните во следните 10 години а во залог ќе стави објекти што не се изградени и ниту пак се сопственост на општина Карпош.

Без да се спроведе јавна расправа, без да се наведе децидно за што, односно за кои капитални проекти ќе се користи кредитот, една од најзадолжените општини во Македонија, дополнително се задолжува во спорна процедура.

Сомнително е што одлуката стапува во сила веднаш, што е спротивно на одредбите од Статутот на општината, се со цел договорот да се истурка набрзина и да се склучи уште утре, односно последниот ден на оваа фискална година.

За коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Јакимовски не е проблем носењето на незаконски акти, без почитување на законски и деловнички процедури.

За ваквото безскрупулозно кршење на законите и задолжување на сегашните и идните генерации ќе одговара секој што ќе стави свој потпис на овие акти.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација