Празниците – замка за прејадување

Од:

Лекарите и нутриционистите апелираат на граѓаните за време на празниците да водат сметка и да не упаднат во замка на прејадување и претерување со пиење, посебно на оние кои постат и кои, после неколку недели, за Божик ќе јадат мрсна храна.

Иако за Нова година, Бадник и Божик во поголеми количини се подготвуваат различни јадења, треба да се придржуваме кон основните правила кои важат во секој период од годината и да настојуваме исхраната да биде редовна, умерена и разновидна, препорачуваат лекарите и нутриционистите.

Како начин на подготовка кој посебно е непожелен од здравствен аспект е пржењето и похувањето храна.

Кога е во прашање празничниот ручек, лекарите појаснуваат дека умереноста подразбира оти предјадењето можеме и да го прескокнеме, а по супата да избереме едно од главните јадења кои ни се нудат, на пример само сарма или само печење, не заедно и едното и другото.

Кога луѓето постат, преминувањето од посна на мрсна исхрана не треба да биде нагло, како што и воведувањето на постот треба да биде постепено, велат лекарите.

Тоа значи дека на првиот ден на Божик, оние што постат не треба да посегнуваат по големи количини мрсна храна и да избегнуваат големи количини печено месо, колачи и алкохолни пијалаци.

Умерената исхрана е начин да избегнеме непосредни здравствени тегоби, како што се чувство на надуеност, или болки во стомакот, но и долготрајни последици кои можат да бидат различни, зависно од нашата здравствена состојба – од скок на крвниот притисок до проблеми со варењето кое големиот внес на храна дополнително го отежнува.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава