Анима Мунди: Да се затвори Вардариште, веднаш!

Од:

„Изминува веќе четврта година откако постојано укажуваме дека стационарот Вардариште никако не ги задоволува стандардите за хуман третман на животните и суштински го крши Законот за заштита и благосостојба на животните.

Ситуацијата особено станува драматична, деновиве , во услови кога температурите се под нулата, и кога држењето на животни во стационарот (без греење, на замрзнат бетон, без можност за движење и природно загревање и засолнување) значи без исклучок нивно долготрајно измачување, нивно страдање и бавна смрт што е грубо кршење на законот. Таму воопшто и нема потреба од еутаназија , животните полека но сигурно умираат сами. Бараме итно стационарот да се затвори!

Да можат да зборуваат тие ѕидини, ќе онемевме пред приказните за бруталност, суровост и страдање, ќе онемевме од срам!

Малите кутриња речиси сите, без исклучок, се заразуваат од заразните болести кои владеат во стационарот. Таквата умирачка не е никако брза, туку следи по страшни болки, бавно распаѓање на органите, цревата, често пати задушување. Прашуваме зошто воопшто биле заловени кога малите кучиња – бебиња и кутриња од 1, 2, 3 месеци, не можат да подложат на методата предвидена со програмата на Град Скопје – имено, тие не можат да бидат стерилизирани. На тој начин Стационарот Вардариште (кој е транзит центар, а не прифатилиште) работи спротивно на Програмата на Град Скопје зошто програмата предвидува „залови-стерилизирај и врати “.

Ќе одговара ли некогаш стационарот за тоа или не, бидејќи траумите на животните се невидливи а животите на животните воопшто не се битни?

Враќањето на заловените животни на територијата од која потекнуваат речиси и да нема.

И за оние навидум среќни животни , по кои некој оди да ги вдоми, како што дознаваме од потенцијални вдомувачи и наши активисти процесот е горчелив, понижувачки, мачен. Имаме информации дека шефот на стационарот, произволно одлучувал дали и кому ќе му даде куче, дека одвраќал полнолетни лица кои се одлучиле да вдомат миленик и уредно приложуваат лична карта, ги заплашувал со инспекции.

Произволно се заловуваат и усмртуваат кучиња иако нема показатели дека не се мирни и здрави, и за кои постојат големи шанси да бидат вдомени.

Прашуваме до кога ова самоволие и до кога ќе се толерира оваа суровост? Дали сме или не сме пред законот сите исти? Зошто се прогледува низ прсти на институција која 4 години не задоволува ни одблиску стандарди пропишани со законодавството на Република Македонија, обврските дефинирани со „ПРАВИЛНИКОТ за технички услови за прифатилишта, услови за чување на животните во прифатилиштата, постапките за еутаназија..„.

Информираме дека поднесовме пријава до надлежниот орган Агенција за храна и ветеринарство и директорот г-н Зоран Поповски во однос на стационарот и очекуваме негово итно затварање се додека од корен не се смени тамошното функционирање и не се воспостават услови за негово хумано работење.

Бараме да се стави катанец на оваа установа која функционира спротивно на Законот, нехумано и нетранспарентно (не смее да се влегува, слободно шета, не смеат да се фотографираат животните) – каква што е веќе препознаена и осудена и меѓу граѓаните на Скопје и Македонија, и во Европа“, се вели во соопштението на Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

A1on