Повеќе села во Маврово – Ростуше без струја

Од:

По обилните снежни врнежи и ниските температури, повеќето од селата по долината Радика се без снабдување со електрична енергија, информира Мукрем Мехмеди градоначалникот на општина Маврово-Ростуше.

Повеќето патни правци се проодни, но движењето е отежнато.

– Изминативе 48 часа, поголемите населени места во реканскиот крај се без струја. Се уште немаме информација кога состојбата ќе се нормализира. Дополнителен проблем е што за празниците, во родниот крај дојдоа и печалбарите, па во вакви услови е потешко да се фукционира. Затоа апелирам до ЕВН што поскоро го обезбеди редовното снабдување со струја, изјави градоначалникот Мехмеди.

Тој потврди дека селата кои се во регионот на Мала Река, Лазарополе, Тресонче и другите се отсечени, но како што рече, во нив нема жители.

Регионалните правци во овој регион се проодни, но сообраќајот се одвива во зимски услови. Од вчера екипи на „Македонија Пат“ интензивно работат на отстранување на снегот од коловозите и ја обезбедуваат проодноста. 

Би можело да ве интересира

Обилни врнежи во Маврови Анови, снежна покривка од 43 сантиметри на Попова Шапка

Горан Наумовски

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час