Најмалку 30 жртви на поплавите на Филипините

Од:

Најмалку 30 лица вчера и денеска го загубиja животот во поплавите и лизгањето на земјиште предизвикани од тропската бура Сенианг што ги зафати јужните и централните острови на филипинскиот архипелаг.

Најнови жртви се 12 патници во две комбиња кои на автопат биле затрупани од наноси на земја и кал, а спасувачите не успеале да стасаат на време за да помогнат.

Другите жртви настрадале во најдојдените буици, а две деца загинале од струен удар додека бегале од надојдениот воден бран.

Големиот број на жртвите се должи и на несериозниот однос на локалните медиуми кон најавите за доаѓањето на тропската бура. Според нивни оценки бурата што доаѓала со брзина на ветерот од 65 километри на час е релативно безопасна во однос на последниот тајфун Руби, кој истото подрачје го опустоши со брзина на ветерот од 210 километри на час. Меѓутоа, послабиот ветар носел и поинтензивни врнежи, од 15 до 25 милиметри дожд на час, а тоа ги предизвика полавите и лизгањето на земјиштето.

Метеоролозите најавуваат дека тропската бура, која веќе слабее, ќе престане утре вечер.

Филипините годишно го погаѓаат околу 20 бури и тајфуни, а најголем број како последица имаат и човечки жртви. Минатата година супер-тајфунот Јоланда, најсилниот што ги погодил Филипините до сега, предизвика смрт на 7.350 лица и материјална штета од повеќе милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски