Осум лица загинаа, 38 исчезнати во инцидентот со „Норман атлантик“

Од:

Италијанскиот министер за транспорт Маурицио Лупи изјави дека бројот на загинати во пожарот на грчкиот ферибот „Норман атлантик“ достигна осум лица, а 427 се спасени, вклучувајќи 56 членови на екипажот.

Во исто време, грчката крајбрежна стража соопшти дека судбината на 38 лица се уште е непозната.

Во моментот спасувачи го пребаруваат фериботот, кој беше опфатен од пожар во Јадранското Море.

Претходно денеска беа евакуирани патниците и членовите на екипажот.

Во оригиналниот список на патници на бродот фигурираат 478 лица, вклучувајќи патници и екипаж.

Лупи изјави дека рано е да се шпекулира дали ќе има се уште исчезнати луѓе, но е можно да има лица, кои резервирале место на фериботот, но не биле на бродот.

Тој рече дека властите го споредуваат списокот со имиња на 427 спасени.

Во меѓувреме, италијанските власти добиле од Грција предлог да бидат испратени службеници на грчката противпожарна служба за помагање на напорите при пребарување на фериботот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале