СДСМ: Скопје заслужува многу повеќе и многу подобро

Од:

„Во текот на 2014 година Скопје се давеше во поплави, се гушеше во загаден воздух, не се заменија азбестни покриви на средни училишта, останаа згради без енергетска ефикасност се сечеа дрвја, се уништуваа паркови.

И следната година Коце Трајановски нема предвидено мерки за намалување на загаденоста, нема предвидено интензивно поврзување на делови од градот со  централниот водовод, нема да ги замени азбестните покриви на средните училишта, нема да ја гради подземната сообраќајница, нема да изгради ново средно училиште, нема да воведе бесплатен јавен превоз за студентите, нема пари за социјална заштита на децата.

Трагично е што и за следната година фокусот на Коце Трајановски ќе бидат споменици, фонтани, плоштади и барок за коишто ќе потроши 12 милиони евра. Ќе потроши 18 милиони евра за Панорамско тркало. Ќе потроши 10 милиони евра за административна зграда на ЈП Водовод.

Она што Коце Трајановски денеска го зборуваше е тековно одржување на градот.

Скопје заслужува многу повеќе и многу подобро“, се вели во реакцијата на СДСМ, на прес-конференцијата на Коце Трајановски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?