Евакуирани сите патници од „Норман Атлантик“

Од:

Евакуирани се сите патнци од фериботот „Норман Атлантик“, што вчера беше зафатен од пожар во Јадранско Море, соопшти денеска премиерот на Италија Матео Ренци, пренесува ДПА.

Според Ренци на бродот се останати само капетанот и четворица италијански морнари, кои помагаат во спасувачката операција.

Најновите податоци покажуваат дека 414 лица се спасени, а откриени се пет тела. Еден од загинатите е Грк, а идентитетот на останатите четворица не е познат.

Спасувачите со хеликоптер ги евакуираа патниците од горната палуба на фериботот, кој слободно се движење на отворено море меѓу Албанија и Италија. Спасувачката операција беше отежната поради силните ветрови и врнежи. Во операцијата учествуваа грчки и италијански хеликоптери.

Причините за пожарот се уште не се познати. Според грчката крајбрежна служба се претпоставува дека пожарот избувнал во гаражниот простор на фериботот. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале