Промовирана дигитална програма за електронска ецвиденција на музејската колекција на МСУ

Од:

Музејот на современа уметност (МСУ) денеска промовираше дигитална програма преку која електронски се  евидентира богатата музејска колекција што ја поседува оваа национална установа, согласно со Законот за музеи и Законот за заштита на културното наследство.

Проектот почна во 2008 година и оттогаш во континуитет се внесени податоци за над 5.000 дела. Во активностите се вклучени кустоси во МСУ и експерти од информатичката технологија,

– Можеме да бидеме задоволни од завршувањето на овој проект кој е во согласност со законските прописи и современите музејски стандарди, со основна цел осовременување на начинот на водење на документацијата на уметничките дела при Музејот од кои голем дел, поради високите уметнички вредности, имаат статус на дела заштитени со закон, односно се дел од македонското културно наследство, истакна Елиза Шулевска, директор на МСУ.

Проектот го води Захаринка Алексоска-Бачева, раководител на Одделот за збирки и изложби, во соработка со Јулијана Кралевска, Ива Димовски и Илиана Петрушевска.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска