На покривот на зградата на Калифорнискиот универзитет во Сан Диего изградена е сина накосена куќичка наречена „Фолен Стар“, дело на јужнокорејскиот уметник До Хо Су.
Куќата има двор со уреден тревник и патеки, со што целиот комплекс наликува како да слетал над универзитетската зграда.
Ентериерот на куќата е опремен со вкусно избран мебел, персиски тепих, камин и телевизор.
Додека престојувате во оваа накосена необична куќарка можете целосно да заборабите дека се наоѓате на 30 метри на земјата, бидејќи целиот амбиент околу неа наликува на мал селски дом опкружен со садници од домати, зеленило и сливови дрва.