(ВИДЕО) СДСМ Штип: 2014-та ќе ја паметиме по уназадување, разградување и насилство од страна на власта

Од:

„Оваа 2014 година ќе ја паметиме, како година на уназадување, разградување и насилство од страна на власта, осиромашување на граѓаните, сериозни удари врз фирмите, земјоделците, лекарите, социјалните категории граѓани.

Оваа 2014 година ќе остане сведок на документирано одземање на уставно загарантираното право на граѓаните на избор и уназадување на демократсаките процеси во Република Македонија, поради што нашата држава за прв пат влезе во групата „хибриден режим“, рече на денешната прес-конференција Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип.

„Но она по што се разликува 2014 година од сите претходни 9 години е крајот на годината што донесе светлина во овој мрак. Разбудената општествена свест којашто почна со студентското НЕ, продолжи со професорите, земјоделците, хонорарните работници, други категории на граѓани кои се охрабрија и застанаа цврсто во одбрана на правото и вистината е патоказ кој е вистинскиот пат за нас граѓаните и за Република Македонија.

Ве повикувам како достојни граѓани на оваа држава, да продолжиме по овој пат. Да се избориме за слобода на одлучување, слобода на избор, слобода на живот. Да се избориме за насмевки наместо тага и просперитет наместо пропаст. Тоа им го должиме на нашите деца.

Дозволете ми во свое лично име и во име на ОО СДСМ Штип да ви ја честитам Новата Година и да ви посакам лична и семејна среќа, здравје и радост“, велат од СДСМ Штип.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он