(ВИДЕО) Манчевски: Дали Трајановски нареди да се заклучат училиштата?

Од:

„Денеска на седницата за советнички прашања ќе бараме одговор и одговорност за заклучените врати во средните училишта во Скопје за време на протестите.

Средношколците се директно засегнати од екстерното тестирање што власта на го внесува и на факултетите. Оттаму, средношколците имаат уставно и легитимно право да го изразат својот став“, рече на денешната прес-конференција Дамјан Манчевски, координатор на советничката група „Сојуз за иднината” и потпретседател на СДСМ.

„На средношколците им беше оневозможено правото на присуство на протестот, преку притисоците од директорите и заклучените порти на училиштата. И покрај се, нивното гласно НЕ се слушна преку затворените прозорци и врати.

Дали заклучените врати на средните училишта беа по наредба на Коце Трајановски?

Вака ли Коце Трајановски и ВМРО ДПМНЕ ја подразбираат слободата на јавно изразување на мислење и говор?

Што преземал и дали воопшто нешто направил Коце Трајановски за да утврди кој од директорите ги заклучил вратите на средните училишта?

Кои се Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ да забрануваат слободна волја загарантирана со Устав?

СДСМ многупати досега се изјасни дека е целосно против концептот за екстерно тестирање во високото, средното и основното образование. СДСМ екстерното тестирање ќе го укине.

Ваше е неприкосновеното право на протест и слободно изразување на сопственото мислење. Може да не се согласуваме, ама мора да се сослушуваме и дебатираме, и тоа никој нема право да Ви го забрани. СДСМ ја поддржувал и секогаш ќе ја поддржува јавната дебата и слободата на мисла и говор“, вели Манчевски.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”