А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривични пријави за две лица за злоупотреба на службена положба

by А1он29/12/2014 - 13:3895
Share0

Секторот за внатрешни работи Велес во соработка со надлежното обвинителство реализираше два одвоени случаи на „злоупотреба на службената положба и овластувања“ при што поднесе кривични пријави против две лица А.К. (45) од Кавадарци и Ј.С. (57) од Велес.

Добивај вести на вибер

Во првиот случај пријавениот А.К. во својство на извршител, нанел значителна имотна штета на имотот на „Керамика Нова“ Велес во износ од 1.577.039 денари. При спроведување на извршување на предмет во вредност од 13.550 денари, каде доверител е „Велешко езеро“, тој спровел присилно извршување во обем несразмерен на побарувањето, односно спровел извршување во вредност од 4.344.950 денари.

Со цел да го оправда ваквото извршување,соопшти денеска МВР, при пописот и пленидбата на подвижните предмети приклучил и други доверители. По неуспешното јавно наддавање одржано на 14.12. 2011 година, без повторно поднесено барање од овластен доверител, тој самоиницијативно продолжил со извршување на попишаните предмети, со што постапил спротивно на чл.98 ст.4 од Законот за извршување и спротивно на чл.99 ст.1 од истиот закон. Имено, иако истиот бил должен да запре со извршувањето, се појаснува во соопштението, тој пристапил кон попис и пленидба на уште движни предмети, при што склучил и договор со непосредна спогодба без никаква законска постапка, без јавна објава, рок и начин на продажба со купувачот „Минас Комерц“ Кавадарци , а на штета на должникот „Керамика Нова“ Велес.

Во вториот случај пак пријавениот Ј.С. во својство на одговорно лице – извршен директор на АД „Велеспром“ ја оштетил оваа фирма за сума од 2 335 000 евра . Имено на ден 08.02.2006 година пристапил кон долг- кредити што “Тедико- Илија“ ДООЕЛ ги земал од „Тутунска банка“ АД Скопје во висина од 2 335 000 евра, без одлука на одборот на директори и собрание на акционери на АД „Велеспром“. Со наведеното постапил спротивно на Законот за трговски друштва бидејќи пристапувањето кон долгот претставува голема зделка, и постапил  спротивно на статутот на АД „Велеспром“.

mvr

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он04/11/2025 - 18:44

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 13:35

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он31/10/2025 - 20:0431/10/2025 - 22:04

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски29/10/2025 - 07:5829/10/2025 - 07:59

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

Предраг Петровиќ24/10/2025 - 16:11

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски23/10/2025 - 11:3523/10/2025 - 11:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен