Управата за јавни приходи во контрола извршена во ноќните часови меѓу 27 и 28 декември утврди неправилност кај седум угостителски објекти во Скопје, од вкупно 20 контролирани.
Поради нерегистрирањето на готовинските плаќања, за објектите е изречена времена забрана за вршење на дејност од 15 дена, а за даночните обврзници изречена е глоба во висина до 3.250 евра во денарска противвредност
– Предновогодишната потрошувачка го зголемува ризикот од неевидентирање на готовинскиот промет, токму затоа ги потсетуваме сите даночни обврзници на почитување на обврската за регистрирање на готовинскиот промет и за издавање на фискални сметки на потрошувачите, наведуваат во соопштението од УЈП.
Додаваат дека редовно се присутни на терен, особено на местата со изразено зголемен промет во овој период како што се угостителските и објектите кои вршат малопродажба.