Група крадци на Божиќ влегле на имотот во Кастел Гандолфо, кое на поглаварите на Римокатоличката црква им служи како летниковец, при што ја нападнале главната чесна сестра и и одзеле 5.000 евра.
Крадците во одморалиштето на папата, коешто се наоѓа на 20-тина километри од Рим влегле во четврток ноќта, околу половина час по полноќ, во момент кога чесните сестри од институтот Пија XII биле на молитва во рамките на своето божиќно бдеење.
Се претпоставува дека знаеле каде се парите, бидејќи веднаш се упатиле во уредот на главната сестра, која што слушнала врева и дошла до просториите за да провери што се случува.
Насилниците ја турнале на подот и и се заканиле, по што ја принудиле да ги однесе до нејзината соба за да им ја предаде кутијата со пари.
На крај и го украле и мобилниот телефон и ја заклучиле во собата. Како што пренесуваат медиумите , безбедносните камери покажале дека крадците кои наводно не биле маскирани со автомобил кој ги чекал заминале во непознат крадец.
Инаку Кастел Гандолфо, папите со столетија го користат како свое место за одмор во летните периоди. Имотот е во сопственост на Ватикан и има екстериторијален статус во Италија.
Е. Г.