Американскиот претседател Барак Обама го поздрави крајот на борбените мисии на НАТО во Авганистан, но предупреди дека таа држава се уште останува „опасно место“.
-Повеќе од 13 години, уште откако ни беа одземени речиси 3.000 невини животи на 1 септември, нашата нација беше во војна со Авганистан- стои во неговото соопштение, пренесе „Франс прес“.
Тој напомена дека борбената мисија во Авганистан, која претставува најдолга војна во американската историја, завршува на одговорен начин, благодарение на американсканските жртвите во униформи.
Мисијата на Меѓународни сили за помош и безбедност ИСАФ, чии што 3,485 припадници загинаа од почеток на операциите во Авганистан од 2001 година од 1-ви јануари 2015 година ќе биде заменета со мисија за обука и поддршка на НАТО.
Меѓутоа наодамнешните крвави напади, ги поткопуваат тврдењата дека екстремизмот во Авганистан заслабнува и се доказ дека државата се соочува со нов бран на насилство.
Е .Г.