Шекули: На фериботот „Норман Атлантик“ тројца македонски и 25 албански државјани

Од:

Меѓу вкупно 478 патници на грчкиот ферибот „Норман Атлантик“ во кој утрово избувна пожар, се наоѓаат и тројца македонски, 25 албански, 54 турски, 22 италијански, 34 грчки, 18 германски и по еден или повеќе државнјани на други земји, додека 234 се грчки државјани.

Веста ја пренесува онлајн изданието на тиранскиот весник „Шекули“ овјавувајќи го списокот на патници. Кај троца од нив, стои ознаката МК, дека тие се од Македонија. Сите се машки пол, еден е со презиме Арифи а двајцата со Даути, имињата не се наведуваат, јави дописникот на МИА.

Ферибот Грција Италија 2

Во една од најтешките спасувачки акции на море, според истиот извор влучени се грчки, албански и италијански спасувачки пловни објекти, како и хеликоптери. Над 170 патници се спасиле качувајќи се на чамци за спасување, додека другите не можеле да се префрлат во чамци бидејќи снемало струја за нивно спуштање.

Со хеликоптер три деца на возраст од две и по три години поради премрзнување се транспортирани во болница во Бари.

Фериботот патувал од источното пристаниште Патра за италијанскиот град Анкона, а во него имало и 222 возила.

Спасувачката операцја продолжува, но се одвива отежнато поради разбранувато море и ниските температури.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја