Пред Собрание утре во 11 часот отворено заседание на Студентскиот и Професорскиот пленум

Од:

Утре во 11 часот ќе се одржи отворено заседание на Професорскиот и Студентскиот пленум пред Собранието на Република Македонија.

На заедничкото заседание ќе се дискутираат прашањата за организирање на претстојните масовни демонстрации на незадоволство и револт, како и начинот на организиран отпор кон предложените штетни измени во образованието.

На овој настан на народните избраници ќе им се достават писмата на професорите од Македонија, писмото на странските професори и писмото на студентите со кои се искажуваат аргументите за нивното неприфаќање на предложените измени и дополнувања на Законот за високото образование.

Отворањето на постапката на пленарна седница на Собранието на Република Македонија во спротивност со јавно искажаниот став на најзасегнатите од овие промени, за нив е неприфатлив и недемократски чин и затоа најавуваат уште поголема мобилизација и масовно противење на ваквиот начин на носење на одлуките.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on