По првите обилни снежни врнежи ситуацијата во Франција полека се стабилизира

Од:

Возачите на околу 15 000 автомобили заради обилните врнежи од снег минатата ноќ ја минаа во импровизираните преноќишта, најчесто спортски сали во 12 општини во департмантот Савоа (во француските алпи) во источниот и северниот дел на Франција, јави  дописникот на МИА од Париз.

Според информации од префектурата, вкупно 83 центри за прифат на „луѓето во неволја“,  на некои места беа исполнети до последниот кревет, иако некои од возачите ноќта мораа да ја минат во своите автомобили.

Утринава сообраќајот во француските алпи се одвива отежнато и е забрането движењето за автомобили што немаат опрема за зимски услови. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм