(ВИДЕО) Ван Гог: Сквер Јадран е местото за најлудата журка

Од:

Општина Центар, најавува спектакуларна и урбана  новогодишна прослава „Град во Градот“.

Манифестацијата која ќе се одвива на локацијата на сквер „Јадран“ во Скопје ќе биде официјално отворена на 30. декември со децата од градинките во општина Центар и големата предновогодишна прослава со целовечерни концерти на најдоброто од Македонија. Оваа вечер граѓаните ќе имаат прилика да уживаат во специјално уредениот простор во срцето на градот, да се забавуваат и да ги проследат настапите на ѕвездите на македонската музичка сцена, меѓу кои и поп-рок групата „Ареа“.

„Ние посебно се радуваме на настапите на отворено и тогаш го даваме нашиот максимум. Оваа година програмата на општина Центар е одлична и очекуваме да има добра публика . „Ареа“ како и секогаш ќе настапи комплетно во живо со 90 минутен концерт. Ги повикуваме сите кои ја сакаат нашата музика да дојдат на 30. декември во 20:45 часот на сквер „Јадран“, да поминеме заедно една убава предновогодишна вечер“, порачуваат членовите на „Ареа“.

Покрај нив, оваа вечер, со нас ќе биде и секогаш одличниот шоумен, музичар, актер и веќе со години омилен лик од забавната сцена, Игор Џамбазов кој ќе настапи во добро познатиот тандем со Гуру Харе, во засилување на неговиот бенд, но и со во моментов најуспешната македонска пејачка Тамара Тодевска.

„Многу ги сакам манифестациите од овој тип. Имам свирено скоро на сите најзначајни фестивали на отворено, а супер е пак кога настанот е слободен за сите посетители. Тоа е шанса за мене да свирам пред публика која никогаш до сега ме нема гледано на концерт. Нивните реакции ми се најдрагоцени. Од друга страна, ова е можеби најдобрата новогодишна понуда, по мој вкус. Чест ми е што ќе свирам во иста вечер со ’Ареа’, на сцена на која утредента ќе свират и „ДНК“, „С.А.Р.С.“, а особено им се радувам на „Ван Гог“, вели Игор и во свој стил го најави неповторливото предновогодишно загревање:

„Сите што ќе дојдат, да не се појавуваат без шал, капа, ракавици, џемпери, монтки, ѕиври и два пара зимски чорапи. Нè чека дебел минус. ДОЈДЕТЕ НА 30ти, ОД МИНУСОТ ДА НАПРАВИМЕ ПЛУС!!!“

Незаборавната новогодишна вечер ќе биде отворена со настапот на македонската група „ДНК“, која за овој повод најавува гостин на својот настап,На посетителите им порачува:

„Мило ни е што оваа година ќе бидеме дел од новогодишната забава „Град во Градот“, организирана од страна на општина Центар и се надеваме дека исто како и минатата година ќе има голема посетеност, а ние заедно со нашиот Диџеј „Ајри Скреч“ (DJ IRIE SCRATCH) ќе направиме сè да ја опуштиме публиката уживајќи во нашите песни и се надеваме дека ќе ги ’внесеме’ сите во наредната 2015. година среќни и весели… :) “.

Врвот на забавата за оваа голема прослава нè очекува со новогодишните концерти на најпозитивната дружина „С.А.Р.С.“ кои подготвуваат специјален настап за скопјани и секако групата која се покажа дека граѓаните најмногу ја посакуваат за дочекот на Новата година, најспектакуларниот балкански рок состав на денешницата „ВАН ГОГ“. Најавувајќи ја најлудата журка и на македонски поздравуваат „Скопје те сакаме!“.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар