Снегот блокира 15 000 автомобили во Савоа, во француските Алпи

Од:

Префектурата на Савоа, во француските Алпи, соопшти дека околу 15.000 автомобили се блокирани на патиштата поради силните врнежи од снег, јавува дописникот на МИА од Париз.

Властите на Савоа го активирале ургентниот план за згрижување на возачите на автомобили во 12 општини од департманот. Станува збор за училишта или спортски сали во Албертвил. Бург Сант-Морис, Ла Бати, Ла Лашер, Еме. Мутие, Мако ла Плањ. Белентр, Шамбери, Екс-лес-Бан, Сант-Жан де Мориен и Сант-Реми де Мориен.

Сообраќајот се одвива отежнато по споредни патишта во 19 департмани на северот и истокот од Франција, односно во должината на границата со Швајцарија, Германија, Луксембург и Белгија. Овие департмани се наоѓаат во пороколава фаза за метеоролошка опасност.

Париските аеродороми Орли и Роаси за да ја избегант епизодата на блокирање на полетувањата и слетувањата на авионите, новите станици за подговтување на авионите за полетувања ги опремија со доволни количества гликол.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм