Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека до крајот на јануари или почетокот на февруари ќе биде реконструирана Владата на Србија.
-Ќе има реконструкција бидејќи така сака премиерот Александар Вучиќ, изјави Дачиќ, пренесуваат косовските медиуми повикувајќи се на радио Слободна Европа.
Во врска со разликите помеѓу претседателот на Србија, Томислав Николиќ и германскиот амбасадор во Белград, Хајнц Вилхелм, за тоа дали независноста на Косово е услов за членството на Србија во Европската унија, Дачиќ изјави дека е време да се „спушти топката“.
-Треба да се биде релаксиран во сета оваа историја. Јас го разбирам претседателот, но треба да се спушти топката, рече Дачиќ.