Најмалку осум лица загинаа и двајца се водат за исчезнати во поплави што го зафатија јужниот дел на Тајланд, јави ДПА.
Обилни дождови зафатија околу 1.425 села во четири најужни провинции, соопшти Одделението за спречување и справување со катастрофи.
– Гувернери на одделни провинции побараа итна помош и од армијата, која се вклучи во операциите, изјави портпарол на Оперативната команда за внатрешна безбедност.