СДСМ: Нема да се вратиме во Собранието на Р. Македонија додека власта не прифати преговори за суштинските теми

Од:

„Се што се случува во Собранието изминатите 8 месеци, во врска со пратеничките мандати на опозицијата, не е во согласност со Уставот ниту законите на Р. Македонија.

Пратениците од СДСМ и коалициските партнери поднесоа изјави за неприфаќање на мандатите, но мнозинството одлучи насилно да ги верификува.

Потоа, пратениците од опозицијата доставија и оставки до Собранието на Р.Македонија коишто власта не ги констатира со месеци.

Опозицијата останува доследна на своите ставови: нема да се вратиме во Собранието на Р. Македонија се додека власта не прифати преговори за суштинските теми што ќе ги вратат демократијата и правото на слободен избор на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт