Собранието без двотретинско мнозинство за одземање на мандатите

Од:

Поради немање двотретинско мнозинство односно 82 пратеници потребни за гласање, Собранието денеска не им ги одзема мандатите на 31 пратеник од опозицијата.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски го одложи поединечното гласање за секој од 31-те пратеници на опозицијата и рече дека дополнително ќе закаже продолжение на седницата кога ќе биде обезбедено потребното двотретинско мнозинство за гласање.

Дискусија по точката на дневен ред немаше.

На седницата не присуствуваа пратениците од ДПА и трите пратенички од опозицијата кои ги повлекоа оставките и се вклучија во работата на Парламентот Љубица Буралиева, Солза Грчева и Роза Топузова Каревска. Од пратеничката група на ДУИ беа присутни десетина пратеници, а не беше комплетна ниту пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема информација кога и дали ќе се гласа за одземање на мандатите. Со негласањето се остава уште време за политички дијалог меѓу власта и опозицијата, која не ги призна предвремените парламентарни избори, а нивните пратеници поднесоа оставки. И таа собраниска седница за прифаќање на оставките беше прекината.

Точката за одземање на 31 мандат беше ставена на дневен ред откако претходно Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања му предложи тоа на Собранието, врз основа на извештај утврди дека во периодот од 10 мај до 10 ноември, пратениците не присуствувале, не учествувале, ниту пак го известиле претседателот на Собранието дека оправдано ќе отсуствуваат од 40 седници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница