Раст од 5,2 проценти на индустриското производство

Од:

Индустриското производство во периодот јануари –  ноември годинава  во однос на овој период лани бележи раст од 5,2 проценти. Во ноември годинава, споредено со ноември лани, индиустриското производство е зголемено за 5,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење камен“ во ноември  годинава, во однос на ноември лани, бележи пораст од  3 проценти, во „преработувачка индустрија“  3,4 проценти, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ пораст од 27,7 проценти.

Според главните индустриски групи, производството во ноември годинава, во однос на ноември лани, е зголемено кај „енергија“ за 17,4 проценти, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 7,9 проценти, „капитални производи“ за 78,1 процент и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 5,9 проценти, додека опаѓање бележи кај „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 9,9 проценти.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто