Мултифункционалната тв комода под нслов „Angie“ е втор производ на српскиот дизајнер Немања Кисо кој се истакна со својот иновативен дизајн и добра функционалност. Оваа тв комода е дизјанирана така што може да се користи во повеќе намени, но и во сите типови објекти, па може да се најде во станбено-работните простори, хоели, ресторани, но и во секој стан или куќа.
Деталите кои особено треба да се нагласат се две фиоки кои физички не се гледаат кога комодата се гледа од предната страна, но и отворите кои можат да послужат како идеална полица за шишиња на вашиот омилен пијалок, кој на целата комода и дават посебен шарм.
– Комодата може да биде изработена од разни плочести материјали како што е сировата иверка или медијапанот, а од изборот материјали зависи и цената, објасни Кисо и додаде дека висината на тв комодата изнесува од 80 до 85 см, а ширина од 120 до 130 сантиметри.