Филипините најавија нови преговори за мир со левичарските бунтовници

Од:

Филипинската влада и раководството на левичарските бунтовници од Нова Народна Армија, НПА, денеска најавија обнова на преговорите за мирно решавање на полудецениските вооружени судири во земјата.

Оптимизмот за обнова на преговорите, прекинати во септември по апсењето на неколку водачи на НПА го потврди и првиот човек на  движењето  Хосе Мариа Сисон, кој живее во егзил во Холандија. Според Сисон нема многу пречки преговорите да се обноват во јануари, но во истата порака тој рече дека борците на НПА, за секој случај, ќе ја зголемат својата боева готовност.

Судирите меѓу НПА и филипинската армија започнаа пред 46 години. Левичарите, под закрила и поддршка на Комунстичката партија на Филипините кон крајот на осумдесетите години на минатиот век имаа 26.000 борци под оружје и нескриена поддршка на влијателната Католичка црква на Филипините.

Извори на НПА тврдат дека сега против режимот на претседателот Акино, кого го нарекуваат „американска марионета’’ војуваат 4.000 борци под оружје, а армиски извори тврдат дека нивната бројка е околу 1.000.

Посредниците меѓу власта и бунтовниците пред Божик пренесоа дека се испеглани доста разлики меѓу завојуваните страни, но преговорите нема да започнат ако властите во Манила не ги ослободат затворените раководители на НПА.

Претстедателот Бенињо Акино, чиј мандат завршува во 2.016 година вети дека во време на неговиот мандат ќе биде постигнат мировен договор со левичарските бунтовници. Тоа, според него, како и веќе постигнатиот мир со исламистичкиот МОРО Фронт на југот на архипелагот, би било поголемо достигнување од колку се подобрата економија на Филипините.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски