Мерко: Дали некому одговара или не, имињата на улиците ќе се менуваат

Од:

Рамиз Мерко не отстапува од ставот за итна промена на имињата на струшките улици. Мерко вели дека е време ЈНА, Маркс Енгелс, Пролетерски бригади да бидат заменети со имиња на албански личности што ќе ја одразувало реалноста во Струга и бројноста на албанската заедница во општината.

„Ќе продолжиме да разговараме за тоа прашање, без разлика дали на некој тоа му одговара или не. Тоа е позитивно за сите граѓани на Струга. Нешто што не постои во другите држави постои во Струга. ЈНА веќе не постои, а ние кај нас имаме улица со такво име. Имаме улица Маркс Енгелс или Пролетерски Бригади и други имиња на личности кои не се интересни за Струга, а немаме имиња на Албанци, со што би се одразила бројноста на албанците во Струга“ вели Мерко.

За Мерко нема ништо спорно во поставување на табла на влезот од селото Шум, на која само на албански јазик пишува „Добредојдовте во Шум“.

„Оваа година прославуваме 100 години од албанското знаме и од незавиноста на Албанија. Треба сите да научиме дека секој си го почитува своето и треба да го почитуваме и ние од различни етникуми. Таму живее етничко албанско население и тоа прашање не треба да се проблематизира“ рече Мерко.

„Ставот на ВМРО- ДПМНЕ останува ист, остануваме на ставот дека не поддржуваме никаква промена на улиците во овој момент“ вели Јулијана Зуноска советник на ВМРО ДМНЕ во советот на општина Струга.

„Не треба да се влегува во такви авантури и да се подгреваат тензиите во Струга. Генералниот став на Општинската организација на СДСМ – Струга е против каква било промена на улиците во градот“ рече Ристе Ќушкоски претседател на СДСМ во Струга.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“